Вчера на 7.февруари 2022 година  директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците г-дин Еран Куртиш заедно со Мешовитата владина комисија на Република Северна Македонија во Белград после 17 години го одржа првата седница, на меѓувладината Мешовита комисија за спроведување на спогодба помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија, за заштита на македонското национално малцинство во Србија како заштита и унапредување на правата на српската заедница во Македонија.

На оваа како беше истакнато историска седница најпрвин се утврди положбата на македонското малцинство во Србија и состојбата на српската заедница во С.Македонија, исто така претставниците на српската и македонската заедница ги запознаа двете делегации со моделите на нивното организирање како и со проблемите и предизвивите со кои се соочуваат.

Со седницата копреседаваше Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Србија Немања Старовиќ кој потенцира дека двете држави се искрено посветени на националните заедници да им се овозможи адекватно функционирање надвор од матичните држави.