Агенцијата за остварување на  правата на заедниците во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, одржа Прв работен состанок на партиципативниот форум во Хотел Арка – Скопје на 26. јуни 2012 година.
Во изминатиот период следејќи ги препораките на форумот се воспостави Секретаријат на партиципативниот форум кој ги подготви агендата на форумот, работните материјали и го определи времето и местото на одржување на првиот работен состанок на партиципативниот форум.
На приот работен состанок се презентираше Третото мислење на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за националните малцинства и се одредија приоритетни области на дејствување а тоа се: човекови права, образование, култура и информирање и медиуми.
На Првиот работен состанок присуствуваа претставници од државните институции, граѓанските здруженија од заедниците и претставници од меѓународните организации.

forum
forum1