Со поддршка на Мисијата на ОБСЕ, во 2012 година формиран е Партиципативниот форум во кој учествуваат граѓанските организации на припадниците на заедниците и релевантни државни институции.Согласно предвидената методологија за работа форумот е дел од тековните активности на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.Во текот на годината се одржуваат четири тематски состаноци.темите за состаноците се определуваат на заеднички состанок меѓу Агенцијата и организациите и институциите членки на Партиципативниот форум.На 20-21 март се одржа сесија за планирање на која беше утврдено првиот тематски состанок за 2014 година да биде на тема ″Пристап до фондови и грантови за поддршка на граѓанските организации на припадниците на заедниците″.
Тематскиот состанок се одржа на 28 мај, во хотел Арка во Скопје.На настанот присуствуваа 27 претставници од граѓанските организации на припадниците на заедниците, од органите на државна управа, Агенцијта за остварување на правата на заедниците и од ОБСЕ.

Forum 28.05.2014
Forum 28.05.2014-1
Forum 28.05.2014-2
Forum 28.05.2014-3