Заменик-директорот Џелал Хоџиќ, како преставник на АОПЗ,  учествуваше како модератор и паналист на тркалезна маса, организирана од ОБСЕ, на тема “Предизвици и патот пред нас во насока за јакнење на капацитетите на редакциите на јавниот сервис на јазиците на заедниците”.

 

Воведни обраќања имаа, Џефри Голдстејн, заменик шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, како и Роберт Поповски, министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.

 

Џонатан Стонман, експерт за медиуми, ангажиран од ОБСЕ да направи анализа за состојбите во јавниот сервис, ги престви лоцираните проблеми и препораките за создавање на функционалани редакции на јавниот сервис на јазиците на заедниците.

 

Покрај Хоџиќ, останати панелисти на тркалезната маса беа Мигена Горенца, главен уредник на втор програмски сервис во МТВ и Ердем Ахмет, новинар во редакцијата на МТВ на турски јазик, во име на редакциите на сите јазици на заедниците.

 

Покрај многуте медиумски работници и преставници на институциите, свое учество од канцаларијата на АОПЗ на тркалезната маса земаа директорот Илхан Рахман и колегата Харун Реџепи.