Агенцијата за оставрување на правата на заедниците во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го организираше тематскиот Партиципативен форум на тема ,,Пристап на припадниците на заедниците досредствата за јавно информирање и Анализа на состојбата со граѓанските организации кои во статутот имаат определена надлежност за вршење на работи поврзани со остварување на унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците″, кој се одржа во хотел Арка, Скопје на 20.06.2013 година.
На овој форум во првиот дел се разгледуваше прашањето од областа на средствата за информирање кои се однесуваат на заедниците и за кое имаше презентација од претходно ангажираниот експерт г-ѓа Марина Тунева, додека пак во вториот дел се презентираше анализата на состојбата на граѓанските организации кои во статутот имаат определена надлежност за вршење на работи поврзани со остварување на унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците изработена од страна на г-дин Зоран Стојковски.
image1
image2
image3
image4