На ден 27.01.2012 год. Во просториите на МТСП одржана е прес конференција по повод проектот „Акција за регистрирање на неевидентирани лица во матична книга на родените“. На прес конференцијата учество земаа Заменик министерот на МТСП  Ибрахим Ибрахими, Државниот секретар на Министерстовот за труд и социјална политика Муедин Кахвеџи, Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Весна Бабиќ – Петровски и Заменик директорот на Агенцијата Јусуф Хасани.

 

maticnaKniga

Во оваа акција досега беа вклучени само припадниците на ромската заедница, меѓутоа после направените анализи констатирано е дека случаи на неевидентирани лица постојат и помеѓу припадниците на останатите заедници. Во тој правец, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за остварување на правата на заеднииците и  граѓанските здруженија на заедниците во наредниот период ќе потпишат меморандум за соработка од различни области вклучувајќи го и горенаведениот проект. Како резултат на оваа соработка одблиску  ќе бидат разгледани проблемите и предизвиците со кои се соочуваат припадниците на заедниците и ќе дојде до реализација на различни проекти. На прес конференцијата беше објавено дека во рамките на овој проект досега се евидентирани 305 лица, од кои што приближно 30 се припадници на турската заедница. Предлогот,  со овој проект освен припадниците на ромската заедница да бидат опфатени и припадниците на другите заедници, беше реализиран  после повеќе работни состаноци остварени помеѓу Државниот секретар на МТСП Муедин Кахвеџи и Заменик директорот на АОПЗ Јусуф Хасан.