Агенцијата за остварување на правата на заедниците на покана на Претседателството на Фондацијата за социјална помош и солидарност на Кајмакамликот на Мезитли од Република Турција, зема активно учество во проектот под назив “Применето стручно образование за учениците од земјите од Балканот и Туркофонски Републики”, кој што беше успешно реализиран во периодот од 30 јуни – 30 јули 2011 година.

Целта на овој проект на Владата на Република Турција е да им се овозможи на учениците и практикантите по стручно образование од земјите на Балканот и Туркофонските Републики да за време на едномесечениот престој во градот Мерсин во Република Труција, се стекнат со пракса и нови знаења од областа на нивната струка. Исто така во рамките на овој проект се организираа и повеќе социјално – културни активности со цел учесниците што подобро да се запознаат со Република Турција, а истовремено и да ги представат своите земји и на тој начин да се разменат стекнатите искуства. Една од активностите беше и курсот по јазик, на кој што учесниците имаат можност да стекнат основно познавање на турскиот јазик. На овој проект чија што реализација се одвива последните три години во континуитет, оваа година за прв пат покрај учесниците од Босна и Херцеговина, Србија и Косово, учество земаа и ученици по средно стручно образование од Република Македонија. За таа цел Агенцијата направи избор од единаесет ученици припадници на заедниците, а по предлог и покана на Кајмакамликот на Мезитли – Мерсин, номинира и свој државен службеник со добро познавање на турскиот јазик кој ја предводеше групата за време на нивниот престој во Република Турција во периодот од 30 јуни – 30 јули 2011 година и ја следеше реализацијата на проектот.

mersin 5
mersin 22

Непосредно по пристигнувањето во градот Мерсин, во организација на Претседателството на комората на еснафот и занаетчиите на Мерсин како еден од партнерите во проектот, учесниците беа распоредени во најреномираните занаетчиски атељеа, работилници и сервиси. По завршувањето на едномесечната пракса, на учесниците им беа доделени сертификати за успешно совладување на новите знаења од нивните струки. Церемонијата на доделувањето на сертификатите се одржа на 21. Јули 2011 година во конференциската сала на хотел Хилтон во Мерсин. Свеченоста беше отворена од страна на Министерот за економија на Република Турција Г-дин Зафер Чаглајан кој што и лично им ги врачи сетификатите на учесниците. Г-динот Чаглајан во своето обраќање упати голема благодарност до институциите кои што дадоа свој придонес , меѓу кои и Агенцијата за остварување на правата на заедниците и изрази големо задоволство од успешната соработка и реализација на проектот. Министерот во својот говор ја истакна важноста на овој вид проекти од аспект на развојот на економските и политичките односи меѓу земјите во регионот.

На 29. Јули 2011 година беше организирано свечено испраќање на учесниците, во оваа пригода Гувернерот на Мезитли – Мерсин Г-дин Камил Киџироглу на чиј што предлог се оствари соработката помеѓу Агенцијата и Претседателството на Фондацијата за социјална помош и солидарност на Кајмакамликот на Мезитли, изрази желба за понатамошна соработка и заедничка реализација на истиот проект во наредните години.

mersin 7
SAM_0468