Агенцијата за остварување на правата на заедниците започна со Реализација на дел од проектот за јакнење на капацитетите на АОПЗ преку посета на Експертот за човекови и малцински права Г-динот Алан Филипс (посета на АОПЗ, државни институции, НВО сектор од заедниците и единици на локалната самоуправа) со цел да се направи проценка на капацитетите на АОПЗ и ниво на соработка со горенаведените субјекти. Конечниот извештај ќе биде готов во месец јануари 2011 година. Извештајот ќе се искористи за изработка на проект кој ќе се реализира во текот на следната година чија цел е зајакнување на капацитетите на АОПЗ преку давање на обуки на вработените и обезбедување на мали грантови за НВО секторот од заедниците. Носители на проектот ќе бидат АОПЗ и ОБСЕ Г-динот Филипс во рамки на проектот ги посети Агенцијата за државни службеници, Секретаријат за европски прашања, Секретаријат за спроведување на рамковен договор, Советот за радиодифузија, Управа за унапредување и заштита на културата на припадниците на заедниците, Управа за афирмирање и заштита на образованието на припадниците на заедниците, Народниот правобранител, Министерот без ресор Неждет Мустафа, Бирото за образование, МТВ2, Општините Чаир, Студеничани, Штип, Дебар, Куманово и Старо Нагоричане, Канцеларијата на Обединети нации, Канцеларијата на Совет на Европа, Мисијата на ОБСЕ, Делегацијата на Европска Унија и со представниците на невладиниот сектор од заедниците во Македонија.
-
Средби на Бошњаците во Македонијамај 1st, 2010
-
Одлуки по интерен оглас бр.01/2024февруари 8th, 2024
-
Одлука за јавен оглас бр. 33/1февруари 5th, 2024
-
Јавен огласјануари 26th, 2024
-
Одбележување на 10-ти Декември – Ден на човекови правадекември 11th, 2023
-
23 мај-Национален ден на Власитемај 23rd, 2023
-
Посета на Комитетот за односи помеѓу заедницитемарт 2nd, 2023
-
Јавен Повикмарт 2nd, 2023