Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при Министерството за образование, финансиски подржани од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје,  организираше промоции на прирачникот „Спроведување на прават на заедниците – практики, механизми и заштита“.

Овој прирачник е изготвен со цел да се промовираат правата на припадниците на заедниците во Република Македонија како и степен на нивната реализација. Наменет е во прв ред за граѓаните, припадниците на заедниците, граѓански организации, државни институции, Совети на општини, Комисии за односи меѓу заедниците како и за сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за оваа област.

Во рамките на промоцијата на Прирачникот започна и заедничката кампања на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, насловена како „Искористи го своето право – образувај се на својот мајчин јазик“ преку која се промовира правото на децата, припадници на етничките заедници во Република Македонија да се образуваат на својот мајчин јазик (право на редовна настава за турската и српската заедница и изборниот предмет „Јазик и култура“ на Бошњаците, Ромите и Власите).

Целта на кампањата е децата и родителите припадници на заедниците застапени со помалку од 20% од вкупното население во Р.Македонија да се запознаат со нивните права од областа на образованието и да се промовира редовната настава на турски и српски јазик како и изучување на изборните предмети Јазик и култура на Бошњаците, Ромите и Власите.

Во рамки на првиот дел од кампањата беа посетени општините Бутел, Велес, Дебар и Куманово, а во вториот дел ќе бидат посетени уште десет општини.

 

Слики од настаните