Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при Министерството за образование, финансиски подржани од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираше промоции на прирачникот ,,Спроведување на правата на заедниците – практики, механизми и заштита″.
Овој прирачник е изготвен со цел да се промовираат правата на припадниците на заедниците во Р.Македонија како и степен нанивната реализација.Наменет е во прв ред за граѓаните, припадниците на заедниците, граѓанските организации, државни институции, Совети на општини, Комисии за односи меѓу заедниците како и за сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за оваа област.
Во рамките на промоцијата на Прирачникот започна и заедничка кампања на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, насловена како ,,Искористи го своето право – образувај се на својот мајчин јазик″ преку која се промовира правото на децата, припадници на етничките заедници во Р.Македонија да се образуваат на својот мајчин јазик (право на редовна настава за турса и српска заедница и изборниот предмет ,,Јазик и култура″ на Бошњаци, Роми и Власи).
Целта на кампањата е децата и родителите припадници на заедници застапени со помалку од 20% од вкупното население во РМ да се запознаат со нивните права од областа на образованието и да се промовира редовната настава на турски и српски јазик како и изучувањето на изборниот предмет Јазик и култура на Бошњаците, Ромоие и Власите.
Во рамки на првиот дел од кампањата беа посетени општините Бутел, Велес, Дебар и Куманово ,а во вториот дел општините Валандово, Старо Нагоричане, Долнени, Крушево, Студеничани, Тетово, Штип и Лозово.
-
Св.Сава – национален празник на српската заедница во Република Македонијајануари 28th, 2013
-
Годишен план за проценка на ризици од корупција во АОПЗ за 2023 годинадекември 28th, 2022
-
Годишен план за проценка на ризици од корупција во АОПЗ за 2022 годинадекември 22nd, 2022
-
Одбележување на Меѓународниот ден на човековите правадекември 12th, 2022
-
ХОЏИЌ ОД АОПЗ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА БРИСЕЛноември 22nd, 2022
-
Анализа на состојбата со образованието на јазиците на помалубројните заедници“септември 12th, 2022
-
Република Северна Македонија денес ги почна преговорите со ЕУјули 19th, 2022
-
Јавен оглас за Возачјули 8th, 2022
-
23 мај-Национален ден на Власитемај 23rd, 2022
-
Партиципативен форуммај 12th, 2022
-
СООПШТЕНИЕаприл 20th, 2022
-
Одлука за избор на правно лицеаприл 15th, 2022
-
Резултати од повикот за поддршка на проекти на здруженија и фондацииаприл 14th, 2022