Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при Министерството за образование, финансиски подржани од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираше промоции на прирачникот ,,Спроведување на правата на заедниците – практики, механизми и заштита″.
Овој прирачник е изготвен со цел да се промовираат правата на припадниците на заедниците во Р.Македонија како и степен нанивната реализација.Наменет е во прв ред за граѓаните, припадниците на заедниците, граѓанските организации, државни институции, Совети на општини, Комисии за односи меѓу заедниците како и за сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за оваа област.
Во рамките на промоцијата на Прирачникот започна и заедничка кампања на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, насловена како ,,Искористи го своето право – образувај се на својот  мајчин јазик″ преку која се промовира правото на децата, припадници на етничките заедници во Р.Македонија да се образуваат на својот мајчин јазик (право на редовна настава за турса и српска заедница и изборниот предмет ,,Јазик и култура″ на Бошњаци, Роми и Власи).
Целта на кампањата е децата и родителите припадници на заедници застапени со помалку од 20% од вкупното население во РМ да се запознаат со нивните права од областа на образованието и да се промовира редовната настава на турски и српски јазик како и изучувањето на изборниот предмет Јазик и култура на Бошњаците, Ромоие и Власите.
Во рамки на првиот дел од кампањата беа посетени општините Бутел, Велес, Дебар и Куманово ,а во вториот дел општините Валандово, Старо Нагоричане, Долнени, Крушево, Студеничани, Тетово, Штип и Лозово.

Слики од настаните