Заменик директорот на АОПЗ, господинот Џелал Хоџиќ, денес оствари работна средба со Директорот на АППРМ, господинот Мустафа Мандал. На состанокот се зборуваше за предлог активности и идна можна соработка помеѓу двете агенции, давајќи акцент на развивање на идни можни мерки за развој на претприемништво кај немнозинските заеднци и предлог мерки и инструменти на поддршка за постоечки мали и средни претпријатија чии сопственици се припадници на помалубројните заедници. Заменик директорот на АОПЗ иако посочи дека законска легислатива на Агенцијата за остварување на правата на заедниците за  следење на правото на начело на правична застапеност се однесува само на вработување на јавната и државната администрација, не треба да се исклучи увидот и во приватниот сектор и во иднина треба да постои унифицирање и креирање на долгорочни и оддржливи национални стратегии за претприемништво, со посебен акцент на мултикултурното претприемништво. Директорот Мандал и гостите од АППРМ зборуваа за потребата од системски решенија за одржување и развој на новите претпријатија, посебно во првите три години од нивното постоење.

 

19.10.2017
Скопје