Во Министерството за образование и наука, Илхан Рахман, Џелал Хоџиќ, во име на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), имаа работен состанок со министерката Рената Дескоска. На состанокот присуствуваа и Татијана Темелкоска од ОБСЕ и Милутин Станчиќ, директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците.

 

На состанокот се разговараше за проблемите во образованието на мајчин јазик кои ги имаат заедниците под 20%, како и за следните активности на АОПЗ во областа на образованието. Министерската Дескоска ги престави состојбите во образованието, посебно во делот на јазиците на заедниците. Министерката ги информираше Рахман и Хоџиќ за активностите кои Министерство за образование и наука ги превзема за следната година за наставата на боснаски јазик од експериментална да прерасне во редовна настава. Директорот Рахман во име на АОПЗ покани преставници на Министерството за образование и наука на два настани кои во следниот период ќе ги организира АОПЗ со поддршка на ОБСЕ. Хоџиќ на состанокот презентираше дел од проблемите во образованието кои АОПЗ ги нотираше како реакција на невладиниот сектор кој ги промовира правата на заедниците. На состанокот беше потенцирана потребата од продлабочување на соработката помеѓу институциите, посебно во делот на остварувањето на правата и подобрување на квалитетот на образование на мајчин јазик на заедниците.

 

На крајот од конструктивниот состанок, министерката Дескоска и директорите Рахман и Хоџиќ покажаа спремност за почести средби и координации околу проблемите каде Министерството за образование и наука и АОПЗ можат заеднички да делуваат.