Илхан Рахман и Џелал Хоџиќ во име на АОПЗ одржаа работен состанок во просториите на Општина Карпош со градоначалникот Стефан Богоев.

 

Директорот Рахман зборуваше за важноста на комисиите за односи со заедниците во општините, како и придобивките за општините од едно вакво советодавно тело. Заменик директорот Џелал Хоџиќ разговараше со градоначалникот Богоев за потребата да се најде одржливо решение за да се обезбеди простор за невладините организации кои ги промовираат правата на заедниците.

 

На крајот од конструктивниот состанок градоначалникот Богоев со Рахман и Хоџиќ зборуваа за можностите Општина Карпош и АОПЗ во иднина да работат на заеднички проекти.

Скопје
19.04.2018