Во Министерството за надворешни работи, Илхан Рахман и Џелал Хоџиќ во име на АОПЗ остварија работен состанок со министерот Никола Димитров.

 

На состанокот се разговараше на повеќе теми. Илхан Рахман ја престави АОПЗ и активностите кои новото раководство ги превзема за суштински да се подобри статусот и видливоста на АОПЗ. Џелал Хоџиќ зборуваше за потенцијалот кој АОПЗ го има и кој треба да се искористи во негувањето на меѓуетничките односи во државата, како и потребата оваа владина агенција да даде поголем придонес во остварувањето на стратешката цел на Р.Македонија, членство во НАТО и ЕУ. Министерот Димитров изрази благодарност за посетата и покажа спремност да помогне во процесите на зајакнување на капацитетите на АОПЗ.

 

На крајот од конструктивниот состанок, министерот Димитров заедно со Рахман и Хоџиќ се обврзаа за почести средби и координации околу темите каде Министерството за надворешни работи и АОПЗ можат заеднички да делуваат.

 

Скопје

27.12.2017