Во Министерството за труд и социјална политика, Илхан Рахман, Џелал Хоџиќ и Ирена Оровчанец, во име на АОПЗ остварија работен состанок со министерката Мила Царовска.

 

На состанокот се разговараше на повеќе теми. Хоџиќ во име на АОПЗ покани преставници на Министерството за труд и социјална политика на настанот „Мерки за поттикнување на претприемништвото кај немнозинските етнички групи“, кој ќе се одржи на 3-ти ноември, во Скопје. На состанокот беше потенцирана потребата од продлабочување на соработката помеѓу институциите, посебно во делот на остварувањето на правата на Ромите кои живеат во Р.Македонија.  Заменик директорот Џелал Хоџиќ побара АОПЗ да биде вклучена и во комисиите и телата кои работат на решенија за проблемот на луѓето кои немаат државјанство.

 

На крајот од конструктивниот состанок, министерката Царовска и Хоџиќ покажаа спремност за почести средби и координации околу проблемите каде Министерството за труд и социјална политика и АОПЗ можат заеднички да делуваат.

Скопје

25.10.2017