Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), Илхан Рахман, заедно со заменик директорот Џелал Хоџиќ , одржаа работна средба со министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, како и Менфи Илјаз, директорот на Управата за афирмирање и унапредување на културата на заедниците во Р.Македонија.

 

АОПЗ на крајот од месец мај, во соработка со ОБСЕ, ќе организира Партиципативен форум од областа на културата, на тема „Поддршка на Министерството за култура на невладините организации на заедниците под 20 %“. Овој партиципативен форум е важен во обидот да се изнајде решение за подигнување на капацитетот на невладините организации на заедниците, како и нивната работа да биде континуирана.

 
Се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу Министерството за култура и АОПЗ, како и за размена на информации и статистики во делот на културата на припадниците на заедниците под 20%. Врз основа на тие информации и статистики би се правеле дополнителни анализи, од кои би произлегле нови предлог политики за подобрување на состојбите во областа на културата кај истите заедници. На средбата посебен акцент беше ставен на улогата на Управата за афиримирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците при Министерството за култура. Се зборуваше за потребата од подигнување на стандардите во културата, преку кои би се подигнал квалитетот, во корист на сите граѓани.

 

Скопје
15.05.2018