На ден 06.10.2017 година во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) се одржа работен состанок со дел од невладините организации од српската заедница во Р.Македонија.

 

На состанокот директорот Г-дин Илхан Рахман и заменик директорот Г-дин Џелал Хоџиќ, ги информираа присутните за состојбата на Агенцијата, за планираните активности во наредниот период, заложбата да се подигне видливоста на проблемите на етнички заедници под 20% во општеството.

 

Претставниците од невладините ги мапираа своите проблеми во однос на остварување на нивните права во сите области. Како посебен проблем беше дискутирано правото на образование на мајчин јазик и досегашната регулатива во однос на основно образование. српската заедница има потреба од воведување и на изборен предмет (српски јазик и култура), покрај редовната настава во три училишта во Македонија, поради големата дисперзираност на учениците низ целата територија која предизвикува пречка за остварување на правото на образовние на мајчин јазик поради неисполнетост на условот од потребен број на ученици за одржување на редовна настава. Исто така како проблем беше посочен и недостаток на професионален кадар за одвивање на настава на српски јазик за кој претставниците на невладините го посочија во исклучување на катедрата за српски јазик и книжевност на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“. На состанокот се зборуваше и за проблемите во медиумите и квалитетот на програмата на јазиците на заедниците.

Скопје
06.10.2017