Во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) се одржа работен состанок со дел од невладините организации на ромската заедница во Р.Македонија.

 

На состанокот директорот Г-дин Илхан Рахман ги информираше присутните за состојбата на Агенцијата, за планираните активности во наредниот период, заложбата да се подигне видливоста на проблемите на етнички заедници во општеството, а воедно и вклучувањето на невладините организации во тој процес. Заменик директорот на АОПЗ,  Г-дин Џелал Хоџиќ, во своето обраќање до присутните зборуваше за заедничките проблеми на заедниците во остварувањето на правото на образование на мајчин јазик, како и потребата за квалитетна медиумска програма на јазиците на заедниците.

 

На состанокот се обрна внимание за проблемите на ромската заедница од областта на остварувањата на правата  во образованието, културата , правичната застапеност  и потребата за зајакнување на капацитетите на граѓанскиот сектор. Посебен акцент беше ставен на дискриминацијата кон Ромите во општетсвото, како и проблемот на луѓето кои не се евидентирани во матичните книги.

 

Дел од невладините организации порачаа дека се потребни итни решенија за проблемите на ромската заедница во општеството. Џелал Хоџиќ во име на Агенцијата искажа спремност за работа на заеднички проекти заедно со невладините организации.

10.10.2017