Денеска во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) се одржа работен состанок со дел од невладините организации на турската заедница во Р.Македонија.

 

На состанокот директорот Г-дин Илхан Рахман ги информираше присутните за состојбата на Агенцијата, за планираните активности во наредниот период, заложбата да се подигне видливоста на проблемите на етнички заедници во општеството а воедно и вклучувањето на невладините организации во тој процес.

 

Заменик директорот на АОПЗ,  Г-дин Џелал Хоџиќ, во своето обраќање до присутните зборуваше за заедничките проблеми на заедниците во остварувањето на правото на образование на мајчин јазик, како и потребата за квалитетна медиумска програма на јазиците на заедниците.

 

На состанокот се обрна внимание за проблемите на турската заедница од областта на остварувањата на правата  во образованието, културата , правичната застапеност  и потребата за зајакнување на капацитетите на граѓанскиот сектор.

 

Директорот Г-дин Илхан Рахман во име на Агенцијата искажа спремност за работа на заеднички проекти заедно со невладините организации.

 

Скопје

04.10.2017