Заменик-директорот на АОПЗ Џелал Хоџиќ имаше работен состанок со замник-министерот Оливер Ристовски, во просториите на Минстерството за правда.

 

Хоџиќ и Ристовски разговараа за потребата од измени и дополнувања на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија.

 

Хоџиќ го информираше Ристовски за активностите на АОПЗ, посебно на оние кои се дел од соработката со ОБСЕ и ЕУ, а се важни за планираните измени на законот по кој работи АОПЗ.

 

На состанокот е договорено во вторта половина од мај да се формира работна група при Министерството за правда, која до октомври во Влада би доставила измени и дополнувања на законот.

 

Скопје
23.04.2018