Заменик-директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) Џелал Хоџиќ, во просториите на Министерството за правда, имаше работен состанок со министерката Рената Дескоска.

 

Хоџиќ ја информираше Дескоска до каде е процесот на измени и дополнувања на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија, како и работата на работната група која ги изготви измените и дополнувањата на законот.

 

Хоџиќ разговараше со Дескоска за останатите активности на АОПЗ, посебно на оние кои се дел од соработката со ОБСЕ и ЕУ, а се важни за планираните измени на законот по кој работи АОПЗ. Во разговорот Хоџиќ го потенцираше новиот проект „Зајакнување на демократијата преку промоција и унапредување на правата на заеднциите“, проект поддржан од ЕУ, кој АОПЗ го почна во ноември оваа година и е предвиден да трае до јуни 2020 година.

 

Министерката Дескоска уште еднаш ја искажа поддршката на Министерството за правда на процесот на измени и дополнувања на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците, како и спремноста да се поддржи АОПЗ во следните активности.

 

Скопје

24.12.2018