Во Владата на Р.Македонија, Илхан Рахман, Џелал Хоџиќ, во име на АОПЗ, имаа работен состанок со министерот Самка Ибраимовски, министер без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.

 

На состанокот се разговараше за проблемите на Ромите во општеството. Министерот Ибраимовски зборуваше за проблемите на Ромите во образованието и правичната застапеност во јавната администрација. Илхан Рахман ја престави АОПЗ на министерот и зборуваше за обновената соработка со ОБСЕ. Џелал Хоџиќ зборуваше за потребата од поголема координација помеѓу министерот Самка Ибраимовски и АОПЗ, за прашања поврзани за подобрување на состојбата на Ромите во општеството.

 

На крајот од конструктивниот состанок, министерот Ибраимовски и директорите Рахман и Хоџиќ покажаа спремност за почести средби и координации околу решавање на проблемите на Ромите во општеството.

Скопје.
21.11.2017