Во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците се одржа дводневна работилница на тема ,,Мобилизација на фондови”. Цел на работилницата беше стекнување на знаење за ИПА фондовите, Европските инструменти за демократија и човекови права (ЕИДХР), подготивка на апликации за фондовите на ЕУ, управување и процес за аплицирање, како и правила за аплицирање. Истата ја спроведоа обучувачи од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.Оваа работилница е дел од заедничкиот проект на Мисијата на ОБСЕ во Македонија и Агенцијата за остварување на правата на заедниците, а целта на проектот е зајканување на капацитетите на Агенцијата.

На работилницата присуствуваа раководството и државните службеници од Агенцијата.

rabotilnica 2
rabotnilnica1