Во организација на УНДП одржана е работилница за човекови права наменета за претставниците на централната власт. Целта на оваа обука беше запознавање со основните карактеристики на човековите права како најважен елемент за градење на доверба и меѓуетничка кохезија.Во текот на работилницата беше направена анализа на институциите во оваа област, како и на релевантните инструменти за заштита на човековите права во кои спаѓаат и правата на заедниците на меѓународно и национално ниво. На дводневната работилница која се одржа во х.Бистра,Маврово покрај претставниците од Агенцијата за остварување на правата на заедниците присуствуваа и повеќе државни институции.

mavrovo
mavrovo2