Во рамки на Проектот “Програма за градење на капацитетите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците “, одржана е тродневна работилница наменета за граѓанските здруженија од заедниците на темаЧовековите права и малцинските права, нивно унапредување и заштита, организирана од Агенцијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта на работилницата беше стекнување на знаења на граѓанските организации од заедниците и вработените со основните човекови права и малцински права, меѓународните норми за заштита на човековите и малцинските права, нивните предности, слабости, области за акција…..
Покрај стекнувањето на новите знаења се запознаа граѓанските организации од заедниците со работата на Агенцијата за остварување на правата на заедиците и се разменија искуства во врска со човековите и малцинските права.
Предавач на работилницата беше експертот за човекови и малцински права д-р Алан Филипс.

karpos
karpos1
karpos3
karpos4