На ден 01. 02. 2018 година се освари работна средба на г-дин Нилс Мужниекс – Комесар за човекови права на Советот на Европа и Г-дин Илхан Рахман – Директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

 
Делегацијата ја сочинуваа и г-ѓа Бојана Уримова – заменик на Директорот во Канцеларијата на Комесарот за човекови права,
Г-ѓа Жералдин Матиоли – Зелтнер – советник, а од македонска страна во делегацијата на средбата присуствуваа и г-ѓа Евгенија Илиева – началник во Директоратот за мултиратерални односи во Министерство за надворешни работи и г-дин Јасмин Хасановиќ, деск офицер во Директоратот за мултиратерални односи во МНР.

 
На средбата се разговараше и беа покренати повеќе прашања со посебен акцент на прашањата за законските надлежности на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, интегрираното образование, образованието на припадниците на заедниците на сите три нивоа на образование , следење на редовна настава на мајчин јазик и изучувањето на изборните предмети за поедини заедници, за Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво ,како и за измените и дополнувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација во која учествува и Агенцијата како дел од работната група и за Стратегијата за подобрување на состојбите на Ромите во Република Македонија.