Агенција за остварување на правата на заедниците со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше работна средба во хотел Радика, Маврово.Работната средба се одржа од 28.02.-01.03.2013.
Целта на работната средба беше заедничко разгледување и усогласување на временската рамка за реализација на форумите, идентификација на областите на работа – теми за наредните четири Форуми, предлагање на членови на работни групи и номинирање на експерти кои ќе ги координираат работните групи.
Во однос на постигнување на целта за усогласување на временската рамка за реализација на форумите се постигна договор дека истите ќе бидат реализирани во месеците : мај, јуни, октомври и декември 2013 година.
Во однос на идентификација на темите за наредните четири форуми, членовите на форумот ги избраа следниве: состојбите со здруженијата на граѓани од заедниците, финансирање, просторни капацитети, состојбите во културата на припадниците на заедниците, средства за јавно информирање и соодветна и правична застапеност.
На работната средба учествуваа претставници од државните институции и граѓански организации на заедниците кои се помалку од 20%.
-
Средби на Бошњаците во Македонијамај 1st, 2010
-
Одлуки по интерен оглас бр.01/2024февруари 8th, 2024
-
Одлука за јавен оглас бр. 33/1февруари 5th, 2024
-
Јавен огласјануари 26th, 2024
-
Одбележување на 10-ти Декември – Ден на човекови правадекември 11th, 2023
-
23 мај-Национален ден на Власитемај 23rd, 2023
-
Посета на Комитетот за односи помеѓу заедницитемарт 2nd, 2023
-
Јавен Повикмарт 2nd, 2023