Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) Илхан Рахман и заменик директорот Џелал Хоџиќ остварија работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Самуел Жбогар. На средбата се разговараше за активностите на АОПЗ, институционалната положба и новиот предлог закон по кој работи Агенцијата. На состанокот посебен осврт беше даден на активностите од проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и унапредување на правата на заедниците“, кој АОПЗ го доби од Европската Унија и неговата реализација ќе трае до средината на 2020 година.