Во организација на Советот на Европа се одржа тродневна (27-29 јуни) Регионална конференција за малцинските прашања на земјите од Југо-источна Европа во Будва, Р.Црна Гора.
На неа беа презентирани три регионални програми кои во наредните три години ќе бидат финансирани со средствата од ЕУ фондовите ,а тие се:

  • Најдобри практики во интеграција на Ромите
  • Промоција на човековите права и заштита на малцинствата вo  Југо-источна Европа
  • Регионална иницијатива за инклузивно образование

Активностите за инплементирање на овие програми треба да отпочнат во текот на оваа година.На оваа Регионална конференција учествуваа и претставници од Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

sovetNaevropa
sovetNaevropa1