Агенцијата за оставрување на правата на заедниците со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше конференција на тема ,,Имплементација на правата на заедниците на Балканот – трендови, предизвици и перспективина 18(четврток) Октомври 2012 година во х.Арка во Скопје.
На конференцијата учествуваа претставници од Р.Србија, Црна Гора, Р.Хрватска, Босна и Херцеговина, Р.Албанија и Романија, како и експерти од Советот на Европа.
Регионалната конференција ја отворија со поздравен говор: г-ѓа Весна Бабиќ-Петровски Директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, н.е. Ралф Брет- Шеф на Мисијата на  ОБСЕ во Скопје, н.е. Аиво Орав- Шеф на ЕУ Делегација во Скопје, г-дин Зоран Петров – Заменик министер за надворешни работи на РМ и г-дин Неждет Мустафа – Министер без ресор.
Целта на конференцијата беше споделување на состојбите, трендовите и предизвиците во остварување, заштита и унапредување на правата на заедниците на Балканот, како и изнаоѓање на начини за идна меѓуинституционална соработка во регионот и нивно вмрежување.
На конференцијата земјите-учеснички ги споделија позитивните примери и најдобрите практики за унапредување и заштита на правата на заедниците во регионот.

 

konf
konf1
konf2
konf3