Советот на Европа со поддршка на Европската Унија, а во соработка со Агенцијата за оставрување на правата на заедниците на ден 21 Мај 2013 година во хотел Арка, Скопје организираше Регионална конференција на тема Меѓународните стандарди за заштита на малцинските права и нивната имплементација на национално ниво: достигнувања и предизвици″.

img1

1. Какви мерки треба да бидат имплементирани со цел подобро да се исполнат препораките на телата за мониторинг на меѓународните инструменти кои се однесуваат на заштита на правата на националните малцинства?
2. Каков вид на стратегии, политиката и акциони планови треба да бидат усвоени или спроведени со цел да се подобри состојбата во однос на имплементација на препораките на меѓународните мониторинг тела поврзани со заштитата на правата на националните малцинства?
3. Кои чекори треба да се преземат со цел да се имплементираат мерки насочени кон борба против и спречување на појава на кршење и непочитување на меѓународните стандарди за заштита на правата на националните малцинства? Како една држава треба да ги следи и оценува овие мерки со цел да се обезбеди нивно ефикасно спроведување?

4. Кои политики се покажаа како успешни во однос на заштитата на правата на националните малцинства?
5. Какви се можностите и ограничувањата за владините политики? Во овој поглед, посебно внимание  да се посвети на важноста на едукација за малцинските права и промовирање на овие права во општеството.
6. Како да се надминат одредени пречки како што се недостаток на координација меѓу различните министерства и другите засегнати страни во спроведувањето на препораките од меѓународните механизми за мониторинг и заштита на националните малцински права?

img2