Во Агенцијата за остварување на правта на заедниците (АОПЗ) директорот Еран Куртиш и заменик-директорот Џелал Хоџиќ се сретнаа со Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.
На средбата беше разговарано за тековните и идните активности на АОПЗ. Посебен акцент беше ставен на правата на помалубројните заедници во следните области: правична застапеност, образование на мајчин јазик, култура, употреба на јазици и симболи и медиумите на јазиците на заедниците.
Дополнително се разговараше за важноста од имплементацијата на стратегијата “Едно општество за сите“. Национален координатор Алаѓозовски ја поздрави работата на АОПЗ и се разговараше за идните заеднички чекори во подобрување на правата на помалубројните заедници.

Скопје
28.04.2021