Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, беше во посета на АОПЗ и имаше состанок со директорот Илхан Рахман и заменик-директорот Џелал Хоџиќ.
Рахман го запозна градоначалникот на Центар за визијата и мисијата АОПЗ, како и за тековните активности, но и предизвиците во работата. Хоџиќ на градоначалникот Богдановиќ му ги потенцираше проблемите со кои се соочуваат етничките заедници под 20% во остварувањето на правата, а кои се пропишани со Устав и законите. Градоначалникот Богдановиќ зборуваше за потребата од системски решенија кои ќе имаат за цел отстранување на пречките во остварувањето на правата на заедниците под 20%, како на државно, така и на локално ниво.
Рахман, Богдановиќ и Хоџиќ се сложија дека претстојниот попис на населението е многу важен за етничките заедници под 20%, а поради потребата од креирање на политики на среден и долг рок со кои би се подобрил статусот на помалубројните заедници. Дополнитлено, беше зборувано за нови идеи и модели на поддршка на невладините организации на заедниците, како и подигнување на нивните капацитети.
На крајот од конструктивниот состанок градоначалникот Богдановиќ со Рахман и Хоџиќ зборуваа за можностите Општина Центар и АОПЗ во иднина да работат на заеднички проекти.
Скопје
30.07.2019