Св.Сава – националниот празник на српската заедница во Република Македонија е одбележан со низа пригодни манифестации.Името и делото на овој голем просветител на српскиот народ се славеше во Скопје, Куманово, Битола, Тетово.Праникот беше одбележан и во училиштата во кои наставата се изведува на српски јазик и тоа во Старо Нагоричане, Табановце и Кучевиште.
Централната прослава се одржа во Скопје во салата на Македонска опера и балет.Прославата со поздравен говор ја отвори заменикот министер за култура г-дин Драган Недељковиќ.На оваа свеченост присуствуваа и претседалот на Владата на Р. Македонија г-дин Никола Груевски и претседателот на Р.Србија г-дин Ивица Дачиќ.Истите се обратија на присутните и нагалсија да се продолжи со добрата соработка и негување на добри односи помеѓу српскиот и македонскиот народ во иднина.
Министерот за правда на Р.Србија г-дин Никола Селаковиќ одржа беседа за Св.Сава, а во уметничкиот дел на прославата настапија српскиот византијски хор “Mojсије Петровиќ″ – Белград, етно групата “Бистрикт” и Биља Крстиќ, глумците Горица Поповиќ и Горан Султановиќ, како и уметничкиот ансамбл “Венац” – Грачаница.
Со измена на закоот за празници на Р.Македонија, на 8.Февруари 2007 година во Собранието на Р.Македонија, 27 јануари е прогласен за национален празник на Србите во Р.Македонија.Овој ден е неработен за припадниците на српската заедница во Р.Македонија.
sava
sava1
sava2
sava3