Св.Сава – националниот празник на српската заедница во Република Македонија е одбележан со низа пригодни манифестации.Иметео и делото на овој голем просветител на српскиот народ се славеше во Скопје, Куманово, Битола, Тетово.Празникот беше одбележан и во училиштата во кои наставата се изведува на српски јазик и тоа во Старо Нагоричане, Табановце и Кучевиште.
Централната прослава се одржа на 27. Јануари, во Скопје во новата сала на Македонкиот народен театар. Прославата со поздравен говор ја отвори  заменикот министер за култура   г-дин Драган Недељковиќ. На оваа свеченост присуствуваа и претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски и претседателот на Владата на Република Србија г-дин Ивица Дачиќ. Истите одржаа поздравен говор и нагласија да се продолжи со добрата соработка и негување на доборсоседски односи помеѓу српскиот и македонскиот народ  во иднина.
Во уметничкиот дел на прославата настапија Драгослав Павле Аксентјевиќ – Српска духовна музика, Светосавски хоризонти – Етно група Запис, глумците Лазар Дубовиќ, Злата Нуманагиќ, Ташана Ѓорѓевиќ со исечок од претставата ″Цар Лазар и Царица Милица″ и државниот ансамбл Венац од Грачаница.
Со измена на законот за празници на Р.Македонија на 8-ми февруари 2007 година во Собранието на Р.Македонија, 27.Јануари е прогласен за национален празник на Себите во Република Македонија.Овој ден е неработен за припадниците на српската заедница во РМ.

1
2
3
4