Св. Сава – националниот празник на српската заедница во Република Македонија е одбележан со низа пригодни манифестации.Името и делото на овој голем просветител на српскиот народ се славеше во Скопје, Куманово, Битола, Охрид, Тетово.Празникот беше одбележан и во училиштата во кои наставата се изведува на српски јазик и тоа во Старо Нагоричане, Табановце и Кучевиште. Централната прослава се одржа во Скопје во салата на Македонска опера и балет.Прославата со поздравен говор ја отвори заменик министерот за култура г-дин Драган Недељковиќ.На оваа свеченост присуствуваше и претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски кој на присутните им го честиташе празникот и посака да се продолжи со добрата соработка и негување на добри односи помеѓу српскиот и македонскиот народ во иднина.Гости на оваа манифестација беа и претставниците на Агенцијата за остварување на правата на заедниците. Угледниот српски поет г-дин Матија Беќковиќ одржа беседа за Св. Сава, а во уметничкиот дел на прославата настапија хорот ” Менада ” -Тетово, етно групата ” Наиса”-Ниш, глумците Милан Гутовиќ, Момир Брадиќ и Весна Павловиќ, како и државниот ансамбл ” Венац ” од Грачаница. Со измена на законот за празниците на Република Македонија, на 8. Февруари 2007 година во Собранието на Р.Македонија, 27 јануари е прогласен за национален празник на Србите во Република Македонија.Овој ден е неработен за припадниците на српската заедница.

SAVA_0200
Matija