Во рамките на заедничкиот проект на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Мисијата на ОБСЕ во Скопје за 2014 година насловен какоЗајакната реализација на правата на заедниците“,   во периодот од 20 – 21.03.2014 година во Битола беше организирана  Сесија за планирање за членовите на Партиципативниот форум.
Истата започна со воведен говор и утврдување на целите од страна на директорот на Агенцијата г-ѓа Весна Бабиќ – Петровски. Следуваа презентациите од страна на вработените за активностите кои беа реализирани во текот на  2013 година, како и активностите чија реализација е предвидена за тековната 2014 година.
Во вториот дел од Сесијата беа презентирани предложените измени и дополнувања на Методологијата за работа на Партиципативниот форум. Од страна на  членовите на Форумот следуваа низа забелешки и предлози при што беше договорено истите да бидат земени во предвид  при финалното изготвување на Методологијата. Истата ќе биде доставена до сите членови на Партиципативниот форум две недели пред одржувањето на следниот форум. Исто така беше договорено секоја граѓанска организација која ќе изрази интерес за учество на Партиципативниот форум, да се обрати до АОПЗ со писмено барање најмалку две недели пред одржување на некој од форумите, со цел Агенцијата да ги информира членовите на Форумот за пројавениот интерес на одредено граѓанско здружение.

Записник од сесијата