Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) со поддршка на ОБСЕ Мисијата во Скопје организираше Партиципативен форум на тема: „Законска рамка и значењето на пописот на припадниците на заедниците“. Форумот го модерираше заменик директорот на АОПЗ Џелал Хоџиќ. На отворањето на Партиципативен форум директорот на АОПЗ Илхан Рахман говореше за важноста на пописот во однос на помалубројните заедници како и за потребата од подигнување на свеста на граѓаните околу начинот на реализацијата на пописната операција.

 

На сесијата за „Законска рамка и методологија на попис на население во РСМ“ говореше директорот на Државен завод за статистика Апостол Симовски кој детално го објаснуваше законската и методолошката рамка каде одговараше и на поставените прашања на учесниците.

 

Д-р Ана Чупеска учествуваше во сесијата за „Важноста на пописот на населението за припадниците на заедниците“ каде говореше за стекнатите права на ѓраѓаните и потребата на градење на реални политики од сите области по основ на релевантните податоци од попис.

 

08.11.2019