На ден 03.11.2020 год во Хотел City Park се одржа промоција на истражувањето„Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците„

 

Модератор на настант беше заменик диркторот на Агенцијата за Остварување на правата на заедниците (АОПЗ), Г-дин Џелал Хоџиќ , а истражувањето го презентираа Др.Алесандро Симони и др.Филип Ромоли, експерти кои работеа на истражувањето, заедно со проектниот тим на АОПЗ. На настанот присуствуваа медиуми , претставници на невладините организации на помалубројните заедници и вработени во АОПЗ, со запазени сите протоколи за заштита од Ковид-19

 

Истражувањето е споведено на 1578 испитаници каде главни критериуми беа:

 

  • Испитаниците да бидат граѓани на Република Северна Македонија, од сите нејзини региони.
  • Да се на воздрат од 18 и повеќе години
  • Да се претставници на помалубројните заедници

 

Истражувањето е спроведено  со собирање информации преку дисеминација на прашалник заеднички подготвен од проектниот тим и персоналот на АОПЗ и е поделено на тематски области, соодветно посветени на:

  • Јазикот на заедницата
  • Еднаков третман
  • Застапеност на заедниците во јавните институции
  • Културата и идентитетот на заедниците
  • Медиуми
  • НВО сектор
  • Национални симболи
  • Духовни и религиозни потреби

 

Резултатите од ова истражување даваат вредност на податоци кои наместо да се мерат на објективен и научно поткрепен начин “социјални факти” поткрепени се со перцепции кои доминираат во секоја заедница.Ваквите елементи се од голема помош за АОПЗ во спроведувањето на идната улога на мониторнинг и потврда дали различните секторски политики имаат влијание врз припадниците на заедниците не само во однос на промената на нивната материјална состојба, туку и за трансформација на тие ставови што може да го попречи развојот на интеркултурно општество предвидено во стратегијата “Едно општество за сите”

 

Од утре, 05.11.2020 год, почнува караванот на АОПЗ каде во осум региони во државата ќе биде промовирано и поделено истражување на единиците на локалната самоуправа-Општините и на претставници на невладините организации на припадниците помалубројните заедници во РСМ. Исто така, во периодот кој следува, истражувањето ќе биде доставено до Владата на Р.Северна Македонија и институциите кои со своите политики можат да влијаат врз правата на помалубројните заедници.

 

Со почит,

Агенција за остварување на правата на заедниците.