Денеска во официјална посета на Агенцијата за остварување на правата на заедниците пресдстојуваше Високиот Комесар за национални малцинства на ОБСЕ Г-дин Каират Абракхманов заедно со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Амбасадорот Клемен Која. Високите званичници ги пречека и угости Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Г-динот Еран Куртиш заедно со дел од вработените.

Во рамките на оваа посета Високиот Комесар за национални малцинства на ОБСЕ Г-дин Каират Абракхманов и Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Амбасадорот Клемен Која се одржаа многу значаен и конструктивен состанок со Директорот на АОПЗ Г-динот Еран Куртиш. На самиот состанок се разговараше за проблемите и придизвиците со кои се соочува АОПЗ како и за плодната  соработката која ја има Агенцијата со Мисијата на ОБСЕ во Скопје која трае веќе неколку години. Исто така Високиот Комесар ја истакна значајната улога која ја има Агенцијата во однос на припадниците на заедниците како и потребата за  унапредувањето на правата на заедниците кои живеат во Р.Северна Македонија.

На крајот на средбата се потенцираше дека Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи и понатаму да биде силна подршка на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.