Потпишани договорите со здруженијата за поддршка на проекти од интерес на помалубројните заедници!

Во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) денес се потпишаа договорите со 11 здруженија за поддршка на нивните проекти, кои се во интерес на помалубројните заедници.

Врз основа на резултатите од повикот за поддршка на проекти на здруженија и фондации, Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) денеска потпиша договори со следните здруженија:

1.Здружение на граѓани за промовирање и заштита на културните и духовните вредности Легис – Скопје

2.Српски културен центар – Скопје

3.Здружение на граѓани за млади, демократија и човекови права – УФУК Скопје

4.Здружение на права и хуманост – ИНТЕГРА НАУ

5.Здужение на граѓани Заедница на Хрвати во РСМ – ЗХРСМ –Скопје

6.Здружение Ромски деловен информативен центар на Македонија Скопје – ЗРДИЦМ

7.Здружени за рурален развој Локална акциска група АБЕР 2015 – Куманово

8.Здружение на граѓани – Црногорска Заедница во Република Македонија Скопје – ЦЗРМ

9. Организација за социјална иновација СОЛИС – Скопје

10. Здружение за мултикултурна интеграција ИНКЛУЗИЈА – Охрид

11. Здружение ЦЕНТАР ЗА НАПРЕДНИ ИСТРАЖУВАЊА Скопје

Поддржаните проекти ќе бидат реализирани до крајот на 2022-та година. Агенцијата за остварување на правата на заедниците и понатаму ќе продолжи да соработува и да ги поддржува невладините организации, со проекти и активности важни за помалубројните заедници.