На ден 31.05.2018 година во хотел Арка, Скопје Агенцијата за остварување на правата на заедниците со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје одржа Партиципативен форум на тема:

 

Поддршка на Министерството за култура во остварувањето и унапредувањето на културните права на заедниците

 

Со поздравен говор, а воедно и отварањето на форумот на членовите се обратија Заменик министерот за култура г-дин Владимир Лазовски , директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците г- дин Илхан Рахман  и г-ѓа Сара Барбиери, виш офицер за општествена кохезијаод Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

За улогата на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во процесот на поддршка на НВО на заедниците во областа на културата зборуваше г-дин Менфи Илијаз, директор на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците.

 

За потребата од нов модел на финансирањена проекти на невладини организации од заедниците  зборуваше г-дин Петрит Сарачини, советник за кулура во Минисреството за култура.

 

Модератор на партиципативниот форум беше г-дин Џелал Хоџиќ- в.д. заменик директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

 

На препораките и заклучоците од партиципативниот форум се работи и истите дополнително ке бидат објавени на веб страницата на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.