Пратениците Ирена Стефоска, Маја Морочанин и Енес Ибрахим, кои се и членови на Собраниската комисија за култура, остварија работен состанок со в.д. директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Илхан Рахман и в.д. заменикот директор Џелал Хоџиќ.

 

Директорот Ихан Рахман и заменик директорот Џелал Хоџиќ на пратениците им ја претставија нивната визија за суштинско подобрување на позицијата на АОПЗ, како и подигнување на видливоста. На работниот состанок е објаснета и потребата од редовното изготвувањето на анализи од областите на: образованието, култура, соодветна и правична застапеност, медиуми, употреба на јазиците на заедниците, како и значително подобрување на соработката со граѓанските организации кои работат на полето на унапредување на правата на заедниците.

 

Агенцијата за остварување на правата на заедниците доби поддршка од Маја Морочанин, Енес Ибрахим и Ирена Стефоска во зајакнувањето на капацитетите на АОПЗ и напорите за суштинско подобрување на статусот на АОПЗ.

 

25.12. 2017, Скопје