Од Агенцијата присуствуваше директорката Весна Бабиќ-Петровски со своите соработници од Скопје.Средбата беше организирана од Српско-македонското друштво од Битола во соработка со Турското друштво “Челебија“, Бугарско-Македонско пријателство и Хуманитарна асоцијација на Ромите.

На средбата се дискутираше за работата и проблемите со кои се соочуваат здруженијата на граѓаните од заедниците во текот на својата работа. Сите присутни здруженија ги презентираа своите активности и ги посочија проблемите со кои се соочуваат при реализирање на активностите.