Заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), Џелал Хоџиќ оствари работна средба со Заменик министерот за култура Владимир Лазовски, во просториите на Министерството за култура.

 

На средбата се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу Министерството за култура и АОПЗ, како и за размена на информации и статистики во делот на културата на припадниците на заедниците под 20%. Врз основа на тие информации и статистики би се правеле дополнителни анализи, од кои би произлегле нови предлог политики за подобрување на состојбите во областа на културата кај истите заедници.

 

На средбата посебен акцент беше ставена и улогата на Управата за афиримирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците при Министерството за култура. Заменик министерот Лазовски потенцираше за потребата од подигнување на стандардите во културата, преку кои би се подигнал квалитетот, во корист на сите граѓани. Заменик директорот Хоџиќ се заблагодари за конструктивниот состанок и укажа дека продлабочувањето на соработката меѓу двете институции ќе создаде поголем потенцијал за решавање на проблемите во областа на културата.

 

Скопје
10.11.2017