Проектот – Трибина – „Правата на Српската заедница во Република Северна Македонија – трендови и предизвици“ беше реализиран на 14.март 2020 година во просториите на хотелот Грација во Куманово со почеток во 10.30 часот со регистрација на присутните.

 

Целта на трибината беше запознавање на граѓаните од српската заедница со нивните права и реалните проблеми со кои се соочуваат во секојдневниот живот, јасно дефинирање на  предстојните задачи и утврдување на приоритетот на дејствување, оставајки простор за долгорочни решенија но и за дејствување во секојдневието, бидејки стариот меѓународен поредок се менува во нов, во кој се редефинираат не само идеологијата туку и самиот концепт на државата.

 

Дневниот ред на Трибината се состоеше од две точки на дискусија:

 

Тема 1 – Правната рамка и степен на остварување на правата на српската заедница во Република Северна Македонија

 

Тема 2 – Состојбата, проблемите и предизвиците со кои се соочува српското население во локалните средини каде што живеат (Скопје, Куманово, Тетово, Битола, Кавадарци, Росоман и Скопска Црна гора).

 

Активноста е реализирана во рамките на вториот циклус на поддржани активности, од повикот објавен на 23.09.2019 година.

 

Оваа активност е поддржана преку Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“  финасиран од ЕУ.