Во рамките на заедничкиот проект на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Мисијата на ОБСЕ во Скопје насловен како „Зајакната имплементација на правата на заедниците под 20% во РМ”  во периодот од 09 – 11.10.2013 година се реализира студиска посета на Република Хрватска.  Делегацијата составена од вработените во Агенцијата (советниците за управување со проекти и меѓународна соработка Ирена Оровчанец и Лејла Кардовиќ и помладиот соработник Демет Хамза Демир) и представник на ОБСЕ Мисијата (Татиана Чернеи) ја предводеше Директорот г-ѓа Весна Бабиќ – Петровски. За време на студиската посета беа остварени средби со релевантни државни институции: Владината канцеларија за човекови права и правата на националните малцинства, Советот за национални малцинства, Министерството за наука, образование и спорт, Министерството за администрација, Канцеларијата за рамноправност на половите, Одборот за човекови права и права на национални малцинства во Собранието на РХ, Канцеларија на Народниот правобранител и Министерството за култура.
Делегацијата својата посета ја заврши со средби со  представниците на здруженија на граѓани: Бошњачката национална заедница во Република Хрватска, Заедницата на Македонците во РХ и Српското културно друштво „Просвета”.
Целта на посетата беше запознавање со хрватскиот систем на постоечките модели и најдобри практики за ефективна имплементација на правата на заедниците, кои се од голема важност за институционално јакнење и развој на Агенцијата, како и зајакнување на веќе воспоставената соработка со релевантните институции во Република Хрватска.

Screenshot_1
Screenshot_2