Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го организираше тематскиот Партиципативен форум на тема: „Измени и толкувања на законските акти кои се однесуваат на заедниците и идентификација на механизми за комуникација на заедниците со органите на државна управа “ ,кој се одржа во хотел Арка, Скопје на 22.05.2013 година.
На овој тематски форум се презентираа наодите за домашната правна рамка поврзана со правата на заедниците и механизмите на комуникација на заедниците со органите на државната управа, кои беа разгледани од страна на форумот и врз основа на истите ќе се донесоа препораки.

