Тематски состанок на Партиципативниот форум – Мултикултурализам и интеграција на општеството кое почива на различности

Агенцијата за остварување на правата на заедниците со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 20-21.10.2015 година во Струга, организира дводневен  тематски Партиципативен форум на тема „Мултикултурализам и интеграција на општеството кое почива на различности“. На првиот ден од форумот од страна на проф. д-р Жидас Даскаловски беа презентирани наодите од анализата „Мултикултурализам и општествена интеграција“ која беше изготвена за потребите на истиот.

Вториот ден од тематскиот состанок на Партиципативниот форум беше предвиден за разгледување на Процесот на оценка на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор (ОРД) во насока на унапредување на социјалната кохезија. Презентации на оваа оваа тема имаа: г-дин Арно Ван Дер Пас – постар координатор за меѓуетнички односи при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г-ѓа Весна Бабиќ-Петровски – Директор на АОПЗ и член на групата за заедниците, г-дин Јусуф Хасани – заменик директор на АОПЗ и член на работната група за употреба на јазиците и г-ѓа  Марија Ристеска – професор на ФОН и известувач на групата за заедниците.

A20151020_133506 A20151020_132848-1 A20151020_133648 A20151021_094950 A20151021_100501